Бизнис
2. September 2016 - 8:40

Арсовска: Договорот за изборите предуслов за континуитет во работата на компаниите

Постигнатиот договор меѓу лидерите на четирите најголеми политички партии за одржување предвремени парламентарни избори за бизнис секторот ќе значи забрзување на процесот за обезбедување на целосна функционалност на институциите што претставува предуслов за континуитет во работата на компаниите.

Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска вели дека потребна е прво политичка стабилност како предуслов за економска стабилност и овозможување економски раст, кој во време на политичката криза беше тешко да се постигне бидејки компаниите ги замрзнаа вработувањата и планираните инвестиции очекувајќи разрешница.

- Во секој случај бидејќи процесот се одложуваше повеќе пати, прво ќе причекаме да видиме дали е договорот финален, а во меѓувреме приватниот сектор ќе продолжи да се бори за опстојување, во неизвесноста која трае веќе втора година, изјави Арсовска.