-->
-->
Арсова: Во Сител се прават редовни тестирања, апелирам да се зголеми бројот на државни тестови и да бидат достапни за сите
-->
Уредничката на информативната програма на Сител Славица Арсова, утрово преку фб статус апелираше да се зголеми бројот на државни тестови за да се спречи ширењето на заразата со Ковид-19. Тестирањето не смее да биде привилегија. Арсова информираше дека во интерес на здравјето на вработените во Сител спроведува редовни тестирања за вработените а новинарите и сите медиумски работници строго се држат до превентивните мерки.
„Драги пријатели и колеги, ви благодарам за грижата во овие времиња на неизвесност и страв.
Сакам да знаете дека телевизија Сител редовно организира тестирања за Ковид 19 и при најмал сомнеж за контакт со заразен и на тој начин се прави обид за превенција на создавање кластери и ширење на заразата, што до сега, фала му на Бога, се покажа како успешна политика на куќата.
Во таа смисла и во изминатите денови се правени превентивни проверки на кои меѓу останатите тестирани колеги и јас имам добиено негативен резултат за Ковид 19. Во рамки на телевизијата се почитуваат буквално сите мерки, па дури и пред да бидат донесени како задолжителни- на пример маските беа правило уште во месец март кога СЗО па и нашата Комисија велеа дека треба да ги носат само заразени.
Во таа смисла сакам само да изразам надеж дека тестовите ќе станат достапни за сите и секој ќе може да се провери и при најмал сомнеж, дека мерките ќе се почитуваат во сите работни организации за да се спречи создавање кластери и дека медиумите ќе продолжат успешно како и досега не само да се грижат за своите новинари, сниматели и други медиумски работници, туку и да посочуваат на слабостите за да направиме подобар систем за справување со оваа закана. Јавно апелирам и од овде како што тоа го правам и преку вестите- мора да има повеќе тестови, тестови достапни за сите и мора да се почитуваат мерките за превенција. На сите кои водат борба со вирусот им посакувам брзо оздравување. Чувајте се!“, напиша Арсова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите