Фудбал
6. March 2021 - 19:55

Арсенал загуби два бода по „киксот“ на Џака

Интересен дуел  одиграа Барнли и Арсенал во рамките на премиер лигата.  Средбата заврши со резултат 1-1 а на головите им кумуваа грешките на потесната одбрана на обете страни. 
Првиот гол го постигна Обамејанг  по слабата интервенција на голманот Поуп по што Арсенал се обиде и да  го зголеми водството но без ефект. Во вториот дел  Џака се најде во шума противнички играчи и успеа да го погоди Вуд за конечни 1-1  на оваа средба со што топџиите се се подалеку од фудбалска Европа.