Фудбал
15. May 2016 - 18:54

Арсенал втор, Mанчестер Сити во квалификациите за ЛШ

 
 По одигрувањето на девет од десетте натпревари од последното 38. коло од сезоната 2015/16 во англиското фудбалско првенство, Арсенал изби на втората позиција, додека Манчестер Сити го освои посакуваниот бод за да заврши на четвртото место.
 
Шампион е Лестер, директно учество во Лигата на шампионите изборија Арсенал и Тотенхем, квалификации ќе игра Манчестер Сити, додека во Лига Европа идната сезона ќе играат Манчестер Јунајтед и Саутемптон.
 
Прволигашкиот статус го изгубија Њукасл, Норич и Астон Вила.
 
Натпреварот Манчестер Јунајтед – Бонмаут не се одигра и според информациите во англиските медиуми спречена е голема трагедија, бидејќи кучињата трагачи пронашле бомба која била поврзана со мобилен телефон.
 
Постигнати резултати:
Арсенал – Астон Вила 4:0,
Манчестер Јунајтед – Борнмаут одложено,
Саутемптон – Кристал Палас 4:1,
Челзи – Лестер 1:1,
ВБА – Ливерпул 1:1,
Свонси – Манчестер Сити 1:1,
Евертон – Норич 3:3,
Вотфорд – Сандерленд 2:2,
Њукасл – Тотенхем 5:1 и
Стоук – Вест Хем 2:1.
 
Табела:
Лестер 81 бод,
Арсенал 71,
Тотенхем 70,
Манчестер Сити 66,
Саутемптон 63,
Манчестер Јунајтед 63 (натпревар помалку)
.....................................................
Њукасл 37,
Норич 34,
Астон Вила 17.