Фудбал
1. April 2020 - 13:10

Арсенал влегува во трката по Џејмс Родригез

Премиерлигашот Арсенал е заинтересиран за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џејмс Родригез.Според британските медиуми „топџиите“ сакаат да го добијат 28-годишниот играч во текот на летото.Претходно уште три клуба од шампионатот на Англија, пројавија интерес за Колумбиецот. Тоа се: Манчестер сити, Евертон и Вулверхемптон.Родригез има еден гол и две асистенции на 13 натпревари за Реал Мадрид во сезоната 2019/20.Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на Колумбиецот на 40 милиони евра.