Фудбал
1. October 2022 - 19:52

Арсенал против Тотенхем ги потврди шампионските амбиции

Арсенал останува на врвот во Премиер лигата откако во градското дерби го совлада Тотенхем со 3-1 што му ја донесе и 7. Победа во првенството.  Серијата за  „топчиите“ ја отвори Томас Харти со прекрасен гол од во 20.минута. Гостите се вратија преку  Хари Кејн од пенал во 31.минута но немаа сили да го избегнат поразот откако Габриел Жесус во 49.минута донесе нова предност за Арсенал а откако беше исклучен Емерсон Ројал Гранит Џака  во 67. Минута ги постави конечните 3-1.