Фудбал
25. September 2016 - 10:04

Арсенал пресилен за Челзи

Арсенал за едно полувреме го реши Челзи во големото лондонско дерби кое се одигра во шестото премиерлигашко коло. Екипата на Арсен Венгер славеше со 3-0.
 
Арсенал одигра фуриозно прво полувреме во кое постигна три гола кои му беа доволни за триумф над лондонскиот ривал.
 
Победата на „тобџиите“ им ја обезбедија Алексис Санчез, Тео Волкот и Месут Езил.
 
Арсенал по четвртата победа во низа се искачи на третата позиција со 13 бодови, додека Челзи има 10 бодови и е осми на табелата.