-->
-->
Арсенал останува без својот најдобар играч
-->
Најдобриот фудбалер и стрелец на Арсенал, Алексис Санчез, решил да го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Чилеанецот бил револтиран по тешкиот пораз од Баерн во Минхен (5:1), во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.
Британските медиуми пишуваат дека „капката која ја прелила чашата“ кај Санчез била меѓусебната расправија на фудбалерите во соблекувалната по поразот во Минхен.
Арсенал веќе неколку месеци се обидува да го убеди Чилеанецот да потпише нов договор, но тој ги одбил сите понуди.
Наводно, Алексис Санчез, сакал да се врати во Серија А, каде заинтересирани се Јуветус и Интер, а доколку се реши за некоја друга дестинација, во ред за неговиот потпис стојат ПСЖ и Атлетико Мадрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто