Македонија
4. January 2020 - 11:20

Арсенал оружје пронајден во домот на штипјанец

Вчера од 16.30 до 17.40 часот во Штип, при извршен претрес во домот и помошните простории на М.Б.(44) од Штип, по претходна судска наредба, од страна полициски службеници биле пронајдени автоматска пушка „хеклер“ калибар 9x19мм, малокалибарска пушка, пушка-карабин „симун“, пиштол „бровинг“ калибар 9 мм, револвер „гранд“ калибар 22 мм, револвер „таурус“, 1.119 парчиња куршуми различен калибар, како и разновидна дополнителна опрема за оружјето (оптички нишан, пригушувач и друго).

Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по чл.396 од КЗ на РСМ, тој бил приведен во полициска станица, а пронајдените предмети се одземени.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.