Фудбал
9. March 2016 - 8:04

Арсенал четвртфиналист во ФА купот

Во повторениот осминафинален натпревар од ФА купот бранителот на трофејот Арсенал успеа да го совлада членот на Чемпионшип дивизијата Хал со 4:0 на гости. Стрелци на головите беа: Оливие Жиру (41 и 71.минута) и Тео Волкот (77 и 88.минута). Со оваа победа Арсенал ја прекина серијата од пет дуели без триумф во сите натпреварувања.

Првиот натпревар во Лондон заврши 0:0.Во четвртфиналето во недела Арсенал ќе игра дома со Вотфорд.

Четвртфинални двојки во ФА купот се играат од 11 до 13.март: Ридинг - Кристал Палас (петок), Евертон - Челзи (сабота), Арсенал - Вотфорд и Манчестер Јунајтед - Вест Хем (недела).