Македонија
22. October 2018 - 16:19

Арнаудов и Василевски немале никаков притисок да гласаат за уставните измени

Тројцата пратеници обвинети за собраниските настани од 27 април прв пат по гласањето за уставни измени присуствуваат на судење.. Велат дека легално ќе ја докажат својата невиност..

Според Арнаудов, Прогласот на обвинетите во случајот 27 април испратен до опозициската ВМРО-ДПМНЕ бил во интерес на државата.. Вели дека неточни се информациите оти му биле понудени пари за да ги поддржи уставните измени..

Поддршката од пратениците за уставните измени не предизвикува раздор меѓу обвинетите, смета Богдан Илиевски од иницијативата за Заедничка Македонија..

Обвинетиот Вилијам Михајловски пак на почетокот од денешното рочиште ги поддржа пратениците кои гласале во собранието.. На ова реагираше судијката Добрила Кацарска и не му дозволи да продолжи да говори..

Инаку денешното рочиште за собраниските настани продолжи со прегледување на видео снимки од безбедносни камери и собранискиот канал.. Од нив се гледаше како 10-тина од обвинетите се организирале пред влегувањето во собранието и интонирањето на македонската и алабанската химна од собраниската говорница..

Што каде одговараат за терористичко загрозување.. кои ги поддржаа уставните измени прв пат по гласањето во собранието присуствуваа на рочиштето

Правилна насока да земе судскиот процес за обвинетите во предметот 27 април, бара пратеникот Љубен Арнаудов.. Вели дека доаѓањето во суд е за легално да ја докажат својата невиност за кривичното дело кое ги товари.. Ист став има и пратеникот Крсто Мукоски..