Македонија
21. August 2018 - 16:34

Армиските сили на САД со извинување за погрешното именување на земјата и војската

Американската армија во Европа се извини поради објавата на нивната официјална ФБ страна, на која што беше соопштено дека на тренинзите на полигонот “Криволак”, нивните воени единици соработувале со северномакедонските војници. Оттаму велат дека е користено погрешно име и дека високо го ценат партнерството со АРМ.

- Се извинуваме поради објавеното видео на нашите социјалните медиуми каде е користено погрешно име за Република Македонија. Видеото е веќе повлечено. Го цениме партнерството со Армијата на Македонија и жалиме за оваа грешка, стои во соопштението од армијата на СД во Европа.  

Извинувањето доаѓа поради видеото кое се појави на Јутуб каналот на американската армија во Европа, на кое што беше објавена информацијата дека на воените вежби на полигонот “Криволак”, војската на САД работи на подобрување на интероперабилноста со северномакедонските војници, на полигонот “Криволак”, кој се наоѓа во Северна Македонија. Неколку часа покасно, постот и видеото беа отстранети од официјалната ФБ страна на армијата на СД на Европа.

Објавата беше поставена вчера, кога завршија тренинг активностите на 200 војници од Армијата на САД во Европа , кои од 1 до 20ти август го користеа армискиот полигон “Криволак”, како дел од стратешкото партнесртво меѓу САД и Македонија. На тренингот присуствуваше и командантот на американската воена база на Косово, полковник Ник Дучиќ, кој тогаш, во изјава за медиумите нашата земја ја именуваше со уставното име.

Идната година полигонот “Криволак” ќе биде домаќин на голема воена вежба, наречена “Одлучен удар”, во која ќе бидат вклучени повеќе од 1000 војници од Копнените сили на САД за Европа и од АРМ