Loading Video...
Свет
16. January 2021 - 19:38

Армин Лашет нов лидер на германските демохристијани

Центристот Армин Лашет е избран за лидер на германските демохристијани, партијата на канцеларката Ангела Меркел. Лашет, премиер на државата Северна Рајна-Вестфалија, порази двајца ривали на виртуелната конференција на партијата. Тој сега е во добра позиција во трката да ја наследи Меркел кога таа ќе се повлече од функцијата германски канцелар во септември, по 16 години на функцијата.

Германија оди на избори во септември, но лидерот на ЦДУ не е загарантиран да стане нејзин кандидат за канцелар. Конечната одлука ќе биде донесена на пролет.

Лашет е лојален поддржувач на меркел и рече за време на кампањата дека промената на насоката за партијата „ќе испрати погрешен сигнал“.

ЦДУ ужива голема доверба во јавноста, благодарение на доброто справување со пандемијата на коронавирус, како и на добрата репутација на меркел за справување со кризни ситуациии.

Претседателот Христијан Мицкоски и претставници на ВМРО-ДПМНЕ беа гости на конгресот на ЦДУ.

ВМРО-ДПМНЕ и претседателот мицкоски му честитаат на господинот Армин Лашет и му посакуваат успешна работа, истовремено се надеваат на успешна соработка со ЦДУ и во текот на период што следи се со цел уште позабрзан развој на демократијата и економијата на Македонија – велат од партијата.

Претседателката на претставничкиот дом на американскиот конгрес, Ненси Пелоси изјави дека одредени членови на конгресот би можеле да се соочат со кривично гонење ако се утврди дека помагале или го поддржувале упадот на Капитол хил.

Таа истакна дека сака правда и оти ќе биде истражено дали некои членови на конгресот се поврзани со нападот од 6 јануари, при што загинаа пет лица.

Ако се утврди дека членови на конгресот биле соучесници во овој бунт, ако помагале или поддржувале злосторство, можеби ќе мора да се преземе акција надвор од конгресот во смисла на кривично гонење, истакна Пелоси.

Нејзината изјава следи откако членка на конгресот од демократска партија пред неколку дена изјави дека видела неколку колеги како водат „извидувачки групи“ во обиколка на конгресот, еден ден пред нападот.

Повеќе од 30 демократски конгресмени потпишаа писмо во кое бараат повеќе информации за посетите на капитол на 5 јануари.

Пелоси наведе и дека ќе биде извршена ревизија на безбедноста на конгресот.