Свет
12. November 2015 - 12:20

Армијата во Мјанмар соопшти дека ќе соработува со новата влада

Генералот на армијата на Мјанмар, Мин Аунг Хлаинг изјави денеска дека војската ќе соработува со новата влада.

Аунг Хлаинг и честиташе на опозициската, Национална лига за демократија (НЛД), на Аунг Сан Су Чи за „настапот и однесувањето„ во текот на овие избори.

- Армијата ќе направи се што е потребно со новата влада, за време на постизборниот процес, изјави во Јангун, генералот Хлаинг.

Партијата НЛД освои повеќе од 80 отсто од веќе верификуваните пратенички места, но според Уставот на земјата, армијата добива 25 отсто од пратеничкиот состав, што значи дека војската останува влијателна сила во Парламентот.

Изборите во Мјанмар, што се одржаа изминатиот викенд, се првите вистински демократски и отворени, во последните 25 години.

Партијата НЛД победи и на изборите во 1990 година, но изборните резултатите веднаш беа поништени, а Сан Су Чи беше ставен во домашен притвор, каде остана околу 15 години.

Според изборната комисија, засега се потврдени 47 отсто од пратеничките места.Води НЛД, но некои проценки укажуваат дека и покрај уверливата победа, опозициската партија ќе остане покуса за 38 пратеници, за да може да има апсолутно мнозинство.

Сега владејачката партија, Унијата за солидарност и развој, што е поддржана од Армијата, досега има обезбедено пет отсто од пратеничките места.

Доколку опозициската Национална лига за демократија освои 75 отсто од местата во Парламентот, ќе може да покрене иницијатива за сменување на Уставот, кој сега не и дозволува таа да биде претседател, затоа што била мажена за странец.