Свет
22. March 2020 - 12:59

Армијата на САД планира пренамена на хотели, студентски домови во болнички капацитети

Америкински воени инженери се подготвуваат да пренаменат околу 10 илјади соби во повеќе хотели, студентски домови и други објекти во болнички капацитети откако бројот на случаи од коронавирус во Њујорк се зголемува со геометриска прогресија и градот стана најголемо жариште на епдимеијата во САД.

Откако властите во Њујорк и другите држави од источното американско крајбрежје препорачаа минимални физичка социјална интеракција и луѓето да остануваат дома, многу хотели во градот деновиве се празни или затворени, јави синоќа „Волстрит журнал“. Со воведената забрана за летови нема туристи и други посетители, откако разни настани и конферецнии се откажани.

Весникот дознава дека падот на посетеноста на хотелите во Њујорк е многу полош и од периодот по терористичките напади на 9 септември 2001 година.

На располагање за пренамена во болнички капацитети се и студентските домови низ градот откако студентите, поради опасност од ширење на коронавирусот, започнаа да слушаат настава онлајн од дома. А некои универзитети ги повикаа студентите да се спакуваат и да заминат најдоцна до денеска, недела, бидејќи „сè поизвесно е дека државата ќе ги наполни собите со болнички кревети“.

Се дознава дека армијата планира да се договори со разни хотели, колеџи и можеби и празни спортски стадиони, за предвидената зголемена потреба од болнички капацатити.

Во четвртокот, армијата во Њујорк испрати и болнички брод од американската морнарица за потребите од медицински помагала и сместувачки капацатите за лекување на заболените.

Бројот на заразени од коронавирус во Њујорк во изминатите денови се зголемува со геометриска прогресија, и градот стана најголемо жариште на епидемијата во САД. Така, заклучно денеска, во Њујорк се потврдени 12.237 случаи на заболеност, а починати се 75 лица.

На ниво на САД регистрирани се речиси 27 илјади случаи на заболени од Ковид-19, додека вкупно починати се 336 лица.