Армијата на Аркан сееше страв - еве што морале да направат пред секоја војна
Армијата на Жељко Ражњатовиќ - Аркан сееше страв каде и да се појавеше во војните во поранешна Југославија, но сигурно многумина не знаат како таа е формирана. Во 1990 година Аркан ја довел својата чета во манастирот Покајник и тогаш монахот ги прашал зошто дошле.
- Да се заколнеме, одиме во војна - рекол командантот.
„Сине Божји. Ти ни заповеда нашите души да ги положиме за нашите другари. Со радост одам да ја извршам твојата света волја борејќи се за татковината. Вооружи ме со сила и храброст да им се спротивставам на непријателите. Ако твојата волја биде да го положам животот, допушти ми да умрам со верба во блажен живот во небеското царство. Се колнам со трите прста, за овој свет крст, животот го давам за спас на српството. Амин - гласела заклетвата на војниците.
Армијата броела околу 300 припадници. Учествувала во борбите во Славонија, Вуковар, Сараево, самостојно, но често и заедно со ЈНА.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари