Македонија
15. August 2015 - 17:06

Армијата ја покажа опремата

Хеликоптер, тенк, оклопни возила, автоматски оружја, нуркачка и алпинистичка опрема. Армијата на Република Македонија ја претстави својата врвна опрема, техника и борбени средства пред граѓаните. Воениот стадион беше полн со посетители од најмала до најголема возраст кои уживаа во изложбата.

Традиционалните изложби кои армијата ги организира секоја година се со една цел, доближување на оваа институција до граѓаните и стекнување поголема доверба и сигурност.

Годинешната изложба се разликува од минатите, токму поради фактот што за прв пат се изложува тенкот Т-72, кој без сомнение привлече најголемо внимание.