Армијата и НАТО-партнерите ја почнуваат вежбата „Одлучен удар“
Околу 2.700 војници од шест држави вклучувајќи ја и нашата, од денеска до 9 јули, во две ротации, на Центарот за поддршка на обуката „Криволак“ ќе ја одржат теренската вежба „Одлучен удар“.
„Одлучен удар“ е најголемата вежба која досега се одржала во нашата земјава.
Армијата на Севрна Македонија и војската на САД ќе учествуваат со по 1.300 војници, Црна Гора со 75, Литванија 10, Бугарија 25 и Албанија со 25 војници. Со вежбата војските ќе обезбедат синхронизација на расположивите сили и капацитети и зголемување на интероперативноста меѓу силите за специјални операции на партнерските земји.
Со свое обраќање, вежбата ќе ја отвори заменик министерот за одбрана, Беким Максути, а најавено е присуство и на заменик министерот на Литванија, Витаутас Умбрасас, вршителот на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави, Микаела Швајцер-Блум, командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор, Павле Арсоски, како и претставници на одбранбено дипломатскиот кор од земјите кои учествуваат на вежбата во Република Северна Македонија
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО