Македонија
22. March 2020 - 12:29

Армијата директно се вклучува во поддршка на институциите за справување со коронавирусот

Три задачи ќе бидат во главниот фокус на армиските припадници кои од вчера директно се вклучени во поддршка на сите државни институции во справување со коронавирусот и епидемијата во следниот период. Првата е целосно преземање на контрола на граничната линија од страна на граничната полиција. Втората задача ќе биде заедничко учество во мобилни екипи полиција – армија кои ќе можат да спроведуваат проверка од влезови и излези од населени места, особено во делот на кризните подрачја, меѓутоа и мобилни пунктови и контролни точки во реоните на ангажирање. Третата задача на Армијата е во овој период да обезбеди физичко обезбедување на витални обејекти кои досега беа обезбедувани од страна на МВР.

Ова на денешната прес-конференција го потенцира вицепремиерката и минситерка за одбрана Радмила Шекеринска, која посочи дека согласно донесената владина уредба формиран е оперативен штаб помеѓу полицијата и Армијата и во него се дефинирани попрецизно начините на кои армијата ќе и асистира на полицијата.

Шекеринска беше децидна дека Армијата ќе биде на првата линија на одбрана на здравјето на граѓаните и на државата и армиските припадници ќе бидат секаде каде е потребно.

Во однос на контролата на граничната линија Шекеринска појасни дека тоа не значи оти војниците ќе ги контролираат граничните премини, за тоиа, рече, ќе продоложи да биде ангажирана полицијата, меѓутоа целата „зелена линија“ на нашата граница ќе биде контролирана и под надзор на припадниците на Армијата со цел да се спречат нелегални влезови и излези од нашата граница.

– Со ова ќе овозможиме практично полицијата едене дел од своите припадници да може да ги повлече од границите и да се концентрира на задачите внатре во државата, рече Шекеринска.

Согласно дополнителните уредби, нагласи минситерката Шекеринска, заеднички полициско-армиски тимови ќе можат да спроведуваат и контрола на почитувањето на полицискиот час, на самоизолацијата и доколку самоуизлоацијата не се почитува, подвлече, веднаш да се изрекуваат мерки, но и да се упатат овие лица во дражвен карантин.

Што се однесува до обезбедувањето на витални објекти, Армијата ќе го преземе обезбедување на објекти како што се Собранието, Владата, како и важни локации како што се затворите.

– Важно е да обезбедиме  во услови на вонредна состојба никој да не се грижи дали овие казнено-поправните установи се или не се под контрола, истакна таа.

Појасни дека тоа не значи дека Амријата ќе ја преземе улогата на затворска полиција, туку дека она што порано го вршела полицијата со надворешно обезбедување, сега тоа ќе го прави Армијата.

– Армијарта ќе функционира исклучиво во комбинирани тимови со полицијата, токму поради тоа што  полицијата е таа што е обучувана да се справува со ваков тип на  цивилни закани, меѓутоа ќе даде силна поддршка со луѓе, со опрема за да може полицијата да ги спроведе овие засилени задачи, појасни Шекеринска.

Таа информира дека Полската болница Рол 2 што ја има Армијата, целосно ќе биде ставена и на нашето јавно здравје и ќе биде лоцирана на влезот, во близина на Инфективната болница, како поддршка пред се на нашето јавно здравје.