Балкан
18. October 2017 - 20:23

Армела Имери-Красниќи нов дректор на АТА

Албанската влада денеска за нов директор на државна новинска агенција АТА ја наименува Армела Имери-Красниќи.

Како што јави дописникот на МИА, Имери-Красниќи повеќе годнни беше портпаролка на владејачката Социјалстичка партија, а од 2013 година беше дел од Канцеларијата за односи со јавноста во Владата на премиерот Еди Рама.

Во изминатите четри години директор на АТА беше Гезим Подгорица, на предлог на Социјалистичкото двжење за интеграција (ЛСИ) на актелниот шеф на албанската државата Илир Мета, кое тогаш беше дел од владината коалиција.