Македонија
3. May 2018 - 16:18

Армаколас: Договор со Макеоднија нема да помине во грчкиот парламент

Грчкиот професор и аналичар Јанис Армаколас не е оптимист дека  до самитот на НАТО ќе се најде решение за името. Не се работи само за името туку за цел спектар на прашања, кој расте и се надополнува последниве 25 години, вели Армаколас. Дополнителен проблем е моментот во кој се одвива преговарачкиот процес бидејки  македонската е на почетокот на мандатот, а грчката  е во заминување, вели аналитичарот.   Негова проценка е дека во грчкиот парламент нема мнозинство кое би гласало за евентуалниот  догвор за името .

Грците имаа голем емотивен отпор кон решавање на спорот, бидејки веруваат дека Скопје сака да преземе од  нивната античка историја, а некој треба да ги разубеди во тоа  истакна аналитичарот.  

Соговорниците на денешната дебата насловена   „Каде е јазот: Името ли е или непознавањето едни со други? Се согласија дека не е се во рацете на политичките елити, туку би требало повеке да се  работи на  освестување на граѓаните во двете земји за да се надмине  спорот.