Македонија
18. August 2017 - 21:07

АРМ одбележува 25 години постоење

Војниците и старешините кои учествуваа во гаснењето на пожарите кои ја зафатија нашата држава летово ќе бидат парично наградени, најавија од Министерството за одбрана, на свечениот собир, во чест на одбележувањето на 25-годишнината од формирањето на АРМ.

Искажувајќи им благодарност на сите оние кои ја носат униформата, Министерката Шеќеринска повика сите заедно да работат на заедничката визија, Македонија да стане членка на Северноатланската алијанса.

По повод Денот на АРМ, делегации на Министерството за одбрана и АРМ положија свежо цвеќе на партизанските гробишта, на гробовите на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и на гробот на генерал Михајло Апосотлски.

На воениот стадион во Градскиот Парк денеска има целодневна изложба на техника и воена опрема од АРМ, а беа изведени и показни вежби. Таму од 19.00 часот ќе се одржи и централната свеченост, на која свое обраќање ќе има претседателот Ѓорѓе Иванов.