Македонија
21. September 2015 - 17:43

АРМ и националната гарда на Вермонт ќе ја продлабочуваат соработката

Партнерство втемелено на искрено пријателство и плодна соработка. Вака командантот на националната гарда на американската сојузна држава Вермонт ги доживува две децениските воени релации со Македонија. По денешната средба со началникот на генералштабот на АРМ, Стивен Креј повика на продлабочување на врските.

Бројните мировни мисии во кои со заеднички сили учествуваа армиите на Македонија и Вермонт според првиот човек на генералштабот на АРМ, се потврда за соработката која треба да биде пример за останатите држави.

Генералот Стивен Креј кој ја предводи воената делегација на Националната гарда од Вермонт попладнево го посети и Собранието.