Аркан чувал дел од соборениот американски невидлив авион Ф117 како сувенир, еве зошто!
Командантот на српските доброволци се фалел дека поседува дел од борбениот "невидлив" американски бомбардер кој српските војници го соборија и така нанесоа најголем удар врз НАТО.
Дел од овој авион чувал и командантот на српската војска Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој тврдел дека овој американски ловец е најобична гума и која лесно се крши. Жељко Ражнатовиќ Аркан во изјава за Ројтерс по повод соборување на невидливиот бомбардер Ф-117А рекол дека тоа не е никакво чудо и дека има дел од тој авион кој го чува како сувенир на победета на Србија врз Нато! - Имам парче од тој авион. Тоа е гума.
- Тоа е најобична гума. Делот од тој авион го чувам како сувенир, изјавил Аркан. Ф-117А "Ноќен сокол", кој после бројни акции во Либан, Панама, Ирак стекнал име како "Невидлив", соборен е на 27-ми март во сремското село Бујановац, три дена после почетокот на НАТО бомбадирање врз Србија. "Ноќен сокол" паднал во атарот на селото Бујановац, а единицата која го соборила ја командувал полковникот Злотан Дани. Изјавата на Жељко Ражнатовиќ Аркан можете да ја видите овде:
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка