Арифи за трагедијата во модуларната болница: Одговорност да се бара кај Министерството за здравство
Ако имавме институционална одговорност немаше да седам тука како кандидат, изјави кандидатката за градоначалник на Тетово Теута Арифи од ДУИ во емисијата 24 анализа. Според неа тетовската трагедија е прашање на институциите кои треба да ги вршат истрагите.
– Многу важно е целото прашање да е осветли и да се откријат причините. И тогаш беше јасно дека во однос на ингеренциите, рековме дека сите модуларни болници се изградени по законот. Институциите да ги завршат сите истраги како што треба за да не се повтори ова. Се базираме врз основа на официјалните извештаји. Институциите се тие кои повикуваат на одговорност. Одговорено за целата реализација било Министерството за здравство. Ако имавме институционална одговорност немаше да седам тука како кандидат. – рече Арифи.
Лидерот на БЕСА и кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами обвини дека „Арифи знае како ги собира гласовите“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација