Македонија
7. August 2017 - 15:14

Арифи ја посети пречистителната станица од новиот водоснабдителен систем над Лисец

Градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи денеска ја посети пречистителната станица од новиот водоснабдителен систем за Тетово што се наоѓа над селото Лисец.

Таа посочи дека кај станицата се целосно завршени градежните работи, монтирана е соодветната технологија за механичко, биохемиско прочистување, како и лабораторијата за контролата на квалитетот на водата.

Паралелно приклучена е електричната енергија, а овој викенд треба да бидат извршени соодветните тестирања на целиот систем по што, како што најави Арифи, станицата заедно со новиот цевковод ќе бидат ставени во употреба наскоро и Тетово ќе добие дополнителни 200 литри вода за пиење во секунда.

Оваа последна фаза од проектот за водоснабдување чини над два милиони евра во кои општина Тетово учествува со околу осумстотини илјади евра, а другите се обезбедени од Министерството за транспорт и врски каде се користи кредит од Европската инвестициона банка.

Новиот водоводен систем покрај пречистителната станица го опфаќа и осум километарскиот цевковод за зафат на водите на Лешничка река и река Пена. Во моментот Тетово се соочува со два и пол часовни рестрикции во воснабдувањето од половина час по полноќ до три часот.

Таа рече дека денешната проценка на состојбите со работите во пречистителната станица дава оптимизам дека многу скоро проблемот што со децении ги мачеше тетовци како недостаток за вода за пиење ќе биде решен и тоа за следните неколку децении.

- Меѓутоа иако и во моментот издашноста на планинските извори од нешто под триста литри вода во секунда е доволна за нормално водоснабдување поради високите температури и најмногу нерационалното користење на водата за пиење за други потреби од граѓаните потрошувачката е огромна поради што повисоките делови од градот повремено се без вода за пиење. Апелираме до граѓаните да покажат солидарност и да ја користат водата соодветно со што ќе се овозможи сите да имаа пристап до вода за пиење, изјави Арифи.

Одговарајќи на прашање околу состојбите со расчистувањето на претовараната станица за смет на влезот во Тетово кај Жито полог Арифи рече дека со ребалансот на државниот буџет за оваа намена се определени 12 милиони денари со што од овој простор во следните денови целосно ќе се отстрани сметот што со години го загадува градот.

Овој простор согласно постојниот урбанистички план по неговото длабинско десифенцирање и чистење потоа ќе биде наменет за изгрдба на индуструиски и објкети за живеење. Арифи најави дека заедно со системот за компримирање на сметот и новиот зафат за негово делумно селекционирање што е во изградба веќе нема да се поворува сликата претоварната станица за краток период повторно да стане огромна дива депонија.