Живот
17. March 2016 - 15:36

Археолозите 90 проценти сигурни дека ја пронашле гробница на Нефертити

Скенирањето на гробницата на фараонот Тутанкамон го потврди претпоставките на археолозите дека во неа постои скриена комора, во која се претпоставува дека е погребана древната египетска кралицата Нефертити. 

Египетскиот владин Оддел за археолошки наоѓалишта информира дека скенирањето со најсовремена опрема со сигурност од 90 проценти го потврдува постоењето на комората во која се претпоставува дека има органски материјал.

Археолозите ја скенирале гробницата за да ја докажат нивната пртпоставка дека токму таму се наоѓа „вечниот дом“ на кралицата Нефертити, легендарната сопруга на таткото на Тутанкамон, чија мумија никогаш не е пронајдена.