Археолошки испитувања за културниот идентитет и постоењето на Македонците
Културниот идентитет на Македонците влече длабоки корени во историјата. Антиката е само една етапа или историски период од битисувањето на автохтоното население на овие простори и сите истражувања и пронајдени артефакти од различни временски епохи одат во прилог на потврдувањето на македонскиот културен идентитет, вели универзитетскиот професор по археологија Трајче Нацев.
- Не треба стриктно да се врзуваме за периодот на Античка Македонија, бидејќи нашите културни корени на Македонија и на автохтоното население коешто живее на овие простори, не потекнуваат од Античкиот период, тој е од VI век, изјави Трајче Нацев, ФОН при УГД-Штип.
На територијата на денешна Македонија постојат голем број археолошки локалитетите кои датираат од многу порано и кои сведочат за континиуирано жевеење на население на овие простори.
- На пример, од Бронзеното време, ние среќаваме симболи коишто можеме да ги видиме во целата таа хронолошка рамка, која продолжува низ Железното време, Класичниот период, па се до крајот на тој т.н. Антички период, додаде Нацев.
За етногенезата на македонскиот народ постојат повеќе различни тези, но формирањето на културниот идентитет е сложен и долготраен процес, кој во себе инкорпорира повеќе елементи, како јазик, име, територија, но и антрополошки, генетски и фолклорни карактеристики.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар