Бизнис
25. January 2019 - 16:24

Аргировски: Повисоки пензии само ако има инфлација

Пензионерите нема да бидат оштететени, а опозицијата предизборно манипулира со нив. Од партијата  на пензионери велат дека со новото решение пензиите ќе растат два пати годишно соглансо закон, односно согласно растот на трошоците на живот. Ова е различно од претходно кога пензиите растеа само еднаш во годината поедднакво за сите пензионери.

Овој став на претставникот на пензионерите во македонското Собрание е различен од ставот на Сојузот на здружениејата на пензионерите. Од таму велат дека новиот начин на пресметки на пензиите ќе биде поволен за пензионерите само ако во земјава има инфлација. Со оглед на тоа раст на цените нема во ниту една прокеција, пензинерите ќе загубат многу, а најтешко ќе им биде на тие со најниски пензии.

Со измени во законот усогласување на пензиите ќе се врши само согласно растот на трошоците на живот, а расот на платите кој е забрзан нема да биде земен во предвид. Усогласувањето ќе се врши два пати годишно. Можно е и трето покачување но само ако БДП порасне над 4%, што според домашните и странските прогнози нема да се случи во наредните три години.