Loading Video...
Спорт плус
18. August 2018 - 19:02

Аргентинско танго на Охридското езеро

          Во Охрид почна загревањето за традиционалниот Охридски пливачки маратон.  Маратонците денеска пливаа на патеката од 10 километри.

          Љубителите на пливањето во Охрид можеа да следат прекрасен настан и возбудлива трка особено во машка конкуренција .

          Во драматична завршница влегоа Аргентинецот Гилјеромо Бертола и Венцислав Ајдарски. Триумфираше Аргентинецот со 50-тина стотинки предност минатогодишниот победник Бугаринот Ајдарски. Нашиот Александар Илиевски го освои 5.место со десетминутно заостанување.

          Во женска конкуренција исто така доминација на Аргентина.  Триумфираше Елизабет Сесилија Бјаџоли пред сонародничката Ивинкерлајд.  Нашата Ева Петровска го освои 5. Место.

          На целта учесниците беа пречекани од претседателот на МОК Васил Тупуркоски. Наградниот фонд на трката изнесуваше 3400 евра.

 

Ѓоковиќ и Федерер се пласираа во полуфиналето на турнирот во Синсинати. Нова убедлива победа на Тоттенхем во премиер лигата.