-->
-->
Аргентина подобра од Уругвај
-->
Репрезентацијата на Аргентина ноќеска постигна минимална победа од 1:0 над Уругвај и го презеде првото место во групата од квалификациите на Јужна Америка за Светското првенство во Русија. Стрелец на единствениот гол беше Лионел Меси во 43.минута, а неговата репрезентација целото второ полувреме играше со играч помалку бидејќи во 45+2 минута беше исклучен (втор жолт картон) Паоло Дибала.
Ова за Аргентина беше четврта победа во низа, а по двата нерешени резултати триумф оствари и олимпискиот шампион Бразил и тоа на гостувањето кај Еквадор. „Кариоките“ славеа со 3:0. Стрелци на головите беа: Нејмар (72.минута) и Габриел Жезус (87 и 90+2 минута).
Резултати на натпреварите од 7.коло:
Аргентина – Уругвај 1:0,
Еквадор – Бразил 0:3,
Колумбија – Венецуела 2:0,
Боливија – Перу 2:0 и
Парагвај – Чиле 2:1.
Табела: Аргентина 14 бодови, Уругвај 13, Колумбија 13, Еквадор 13, Бразил 12, Парагвај 12, Чиле 10, Боливија 6, Перу 4, Венецуела 1.
Следното коло се игра на 6.септември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација