Loading Video...
Кошарка
13. September 2019 - 16:44

Аргентина и Шпанија во финалето на Мундобаскет

Кошаркарите на Аргентина и Шпанија ќе играат во финалето на СП што се одржува во Кина
 
Ова е исходот по денешните полуфинални дуели во кои Аргентинците и Шпанците беа подобри од Французите и Австралијците. 
 
Популарните „Гаучоси“ за своето трето финале на Светските првенства се изборија со победата над Франција со 80:66. 
 
Далеку понеизвесен беше првиот полуфинален дуел во кој беа одиграни дополнителни 10 минути. Откако во регуларниот дел мечот меѓу Шпанија и Австралија заврши нерешено 71:71  и по првото продолжение немаше победник (80:80). Во второто дојде до израз искуството на Шпанците кои го имаат на вакви натпревар, па на крајот „Црвената фурија“ се радуваше на победа со конечни 95:88. 
 
Финалниот меч ќе се игра во недела во Пекинг и тоа во терминот од 14 часот по македонско време, 
 
Аргентинците се првите светски прваци и тоа од шампионатот чиј домаќини беа во 1950-тата година, а во својот втор обид да стигнат до златото 2002-та во Индијанаполис (САД), загубија во финалето од тогашна Југославија. 
 
Нивниот противник Шпанија по втор пат ќе игра во финалето, и ќе се обиде да го повтори успехот од 2006-година кога во Токио ја победија Грците.
 
Претходно од 10 часот, Франција и Австралија ќе ја започнат битката за бронзениот медал.