Свет
24. May 2016 - 11:43

Аргентина и Бразил се договорија да посредуваат во решавање на кризата во Венецуела

Бразилскиот министер за надворешни работи Жозе Сера изјави дека Бразил ќе соработува со Аргентина во пронаоѓањето решение за кризата во Венецуела. 

Венецуела се соочува со тешка економска криза, со највисока инфлација во светот и недостиг на основни продукти и услуги. Според анкетите мнозинството Венецуелци сакаат оставка на претседателот Николас Мадуро.

Сера се сретна со аргентинскиот претседател Маурисио Макри во Аргентина. Тоа беше негова прва државна посета, откако е именуван на функцијата, по временото отстранување од власт на бразилската претседателка Дилма Русеф, против која се води процедура за импичмент.

- Бразил и Аргентина имаат интерес за посредување во Венецуела. Таа се соочува со критична ситуација. Сакаме да пронајдеме пат кон помирување, додаде Сера.