Фудбал
27. November 2022 - 8:21

Аргентина го победи Мексико и избегна предвремена елиминација

 Аргентина го совлада Мексико во натпреварот од второто коло од групата Ц на Светското првенство 2022 година во Катар. Средбата одиграна вечерва на стадионот Лусаил заврши со резултат 2:0.

Првиот гол на натпреварот во 64. минута го постигна Лионел Меси конечните 2:0 ги постави Енцо Фернандез во 87. минута.

Меси се израмни со Диего Марадона и Кристијано Роналдо по бројот на голови на Светските првенства.

Аргентина благодарение на победата над Мексико избегна предвремена елиминација од Светското првенство во 2022 година. Тимот се искачи на второто место во Ц-групата со 3 бода. Првото место по вториот круг го зазема Полска (4 бода), третото – Саудиска Арабија (3 бода), Мексико – четвртото (1 бод).

Во третото и последно коло Аргентинците ќе се сретнат на 30 ноември со Полска, а Мексиканците истиот ден ќе играат со Саудиска Арабија.