Свет
14. October 2021 - 13:39

Аргентина ги замрзна цените на храната во следните 90 дена

Аргентинската Влада денеска соопшти дека постигнала договор со компаниите од малопродажбата да ги замрзнат цените на повеќе од илјада прехранбени производи и производи за домаќинство во следните  90 дена, со цел да се спречи инфлацијата.

Британските медиуми забележуваат дека аргентинската економија закрепнува од повеќегодишната рецесија и дека цените се зголемуваат за речиси 50 проценти годишно.

Мораме да ја запреме лавината за храната да не ја ограничи куповната моќ на работниците, изјави државниот секретар за внатрешна трговија Роберто Фелети.