Македонија
3. September 2019 - 16:09

Ардијан Амзоски на распит во обвинителството за „Рекет“- утре на распит Фросина Ременски

Продолжува распитот на бизнисмени за случајот “Рекет” кои исплатиле пари на Меѓународниот сојуз на Боки 13. Денеска во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција исказ даваа сопствениците на компанијата “Дрим билдинг” од Струга. Од обвинителството велат дека исто како и Силјан Мицевски вечера, така и Ардијан Амзоски и Ресул Лога од струшката фирма не биле повикани како сведоци, туку како лица кои треба да дадат потребни известувања.

На влегување Амзоски рече дека подоцна ќе даде изјава за медиумите, но после 2 два и пол часа и покрај бројните новинарски екипи тој незабележано ја напушти зградата на обвинителството.

И додека газдите даваа исказ пред обвинителката Вилма Русковска, Управата за јавни приходи врши контрола во фирмите кои имале склучено договори за соработка со меѓународниопт сојуз. Денеска инспекторите влегле во “Дрим билдинг” во Струга, “Пелистер” во Битола и уште во една фиорма. Од УЈП потврдуваат дека ги контролираат сите деловни односи за периодот од 1 јануари 2017 до крајот на минатиот месец.  

Инаку од струшката фирма на сојузот на Бојан Јовановски му исплатиле околу 260.000 евра за стратешко партнерство и деловна соработка. Поради ова и екс градоначалнникот на Гази Баба Тони Трајковски побара изземање на специјалната обвинителка Катица Јанева од предметот “ТНТ” како што кажа, се сомневал дека парите биле наменети шефицата на СЈО да го повлече обвинението за Ардијан Амзоски за рушењето на Космос. Од “Дрим билдинг” преку соопштение негираа и информираа дека ќе си ги бараат парите од Меѓународниот сојуз на Боки 13 преку тужба за неисполнување на обврските од договорот.

Според информации на Сител за случајот Рекет од утре во обвинителството ќе бидат повикувани и политичари. Прва исказ ќе даде Фросина Ременски која е и почесен претседател на Меѓународниот сојуз.

Во меѓувреме пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски преку Фејсбук порача дека Не смее да остави дамка врз процесот оставајќи разно-разни шпекулации да кружат во јавноста, независно дали се политичка реторика или чаршиски муабети.

-Пример, тоа може да го стори единствено ако го повика секој (политичар), кој има макар и една слика со било кој од обвинетите, да го провери контекстот и да ги расчисти дилемите во јавноста, пишува Кирацовски.

Инаку речеси целиот државен и политички врв и бројни јавни личности имаат фотографии со првоосомничениот во “Рекет”, Боки 13.