Свет
5. May 2020 - 9:18

Ардерн: Нов Зеланд нема да ги отвори границите уште долго време

Нов Зеланд нема да ги отвори границите кон светот уште многу долго време, изјави премиерката Џасинда Ардерн на состанок на кабинетот преку видео линк.

На состанокот се разговарало за можноста за создавање „транс-тасмански меур“ преку кој луѓето би можеле слободно да патуваат меѓу Австралија и Нов Зеланд, без карантински мерки.

Сепак, како што рече таа, тоа уште долго нема да биде можно за посетителите од другите делови на светот.

Австралија и Нов Зеланд ги затворија границите за речиси сите странци, како дел од превентивните мерки за борба против вирусот Ковид-19.