Loading Video...
Бизнис
4. May 2021 - 20:09

Арбитражното решавање на спорови носи заштеда на време и пари за компаниите

Три пати пократко време и пониски трошоци се придобивките од арбитражното решавање на споровите меѓу компаниите. Според податоците на Стопанската Комора, ако фирмите предметот го дадат на суд, обично разврска се очекува за година и 6 месеци. Доколку пак, се оди спогодбено, преку арбитража, постапката завршува за 6 месеци. Предност е и што арбитражната одлука е конечна, без можност за жалба. Фирмите најмногу тужат поради неплатени обврски, вредни  од 10,000 до 50,000 евра.

- Најголем дел, 75% се спорови поради неплатени долгови, додека 15% за надомест на штета. 42,5 осто се предметите се во вредност од 10,000 до 50,000 евра, додека 12% од 50,000 до 100,000 евра, изјави Елена Милевска Штрбовска, Стопанска Комора.

Најголем дел од споровите, 60% се меѓу домашни компании, додека 40 осто со странски фирми од земјите со кои најчесто соработуваме. И покрај придобивките, арбитражата кај нас многу малку се користи, за разлика од светот, каде  80% од деловните спорови се решаваат на овој начин.