Арбитражата брз и евтин начин за решавање на стопанските спорови
Бизнисмените да ја користат арбитражата во споровите наместо да одат по судови затоа што со тоа ќе заштедат и време и пари, апелираат од Постојаниот суд Арбитража при Стопанската комора на Македонија.
Оттаму посочуваат дека арбитражата е еден од најдобрите и најбрзите начини за решавање на стопанските спорови и доколку се користи, странките ќе потрошат многу помалку финансиски средства отколку во судските спорови кои се и подолготрајни.
Во Македонија, компаниите се уште недоволно ја користат арбитражата како решавање на споровите, но од Постојаниот суд Арбитража при Стопанската комора на Македонија се надеваат дека во иднина таа ќе се користи повеќе.
Претседателот на Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија, Горан Рафајловски вели дека во последно време се поголем број на домашни компании вметнуваат во договорите клаузила за арбитража.
- Мислам дека бројот на спорови ќе се зголемува. Годишно се решаваат над 10 спора, но кога ќе видиме дека во последниве неколку години во Македонија се решаваат исклучително мал број на стопански спорови во судовите, сметам дека довербата во правосудниот систем е комплетно изгубена и наше е да пробаме да помогнеме таа да се врати во целост, истакна Рафајловски на денешната прес-конференција.
Вкупниот просек на решавање на споровите со арбитража е седум месеци. Решението што ќе биде донесени е извршно и странките немаат право на жалби и повторување на постапката.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто