Аптеките ќе одговараат ако ги покачиле цените на маските и средствата за дезинфекција
Строгите епидемиолошки критериуми за откажување на јавни собири се однесуваат само на двата карневали во Струмица и Прилеп, како и за спортските натпревари кои треба да се играат без публика. За театарски претстави и други настани на кои нема луѓе од странство рече дека нема потреба да се одложуваат, кажа денеска Венко Филипче на пресконференцијата одржана во Владата.
Тој нагласи дека ќе се контролираат аптеките за кои имаат дојава од граѓани дека неоправдано ги зголемиле цените на заштитните маски, средства за дезинфекција и друг медицински материјал.
-Во овој момент нема строга епидемиолошка причина да се откаже било кој друг настан. Одлуката да се спореде контрола на цените и количините на заштитни маски и материјали дојде по информациите од граѓани дека се драстично зголемени цените. Не е коректно да се прави така и согласно тоа што ќе се констатира на лице место ќе следуваат мерки за тие што го направиле тоа, изјави Филипче.
Министерот уште еднаш повтори дека нема простор за паника, будно се следи состојбата од страна на експертите и во зависност од ситуацијата во секој момент може да се воведе нешто друго.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари