Апсењето на Саакашвили предизвика протести во центарот на Киев
Обидот за апсење на поранешниот грузиски претседател и актуелни украински опозициски лидер Михаил Саакашвили во Киев денеска предизвика масовни демонстрации против претседателот Петро Порошенко. Илјадници приврзаници на Саакашвили го ослободија од полицијата и со него на чело се упатија кон зградата на Парламентот.
Саакашвили беше именуван за гувернер на областа Одеса во Украина, по Мајдан револуцијата, но ја напушти таа функција минатата година и почна да ја обвинува власта за корупција и формираше своја партија.
Откако викендов партијата на Саакашвили организираше протест против Порошенко, утринава полицајци се обидоа да го уапсат. Саакашвили се качи на покривот на осумкатната зграда во Киев каде што живее и оттаму ги повика граѓаните на масовен протест.
- Порошенко е крадец, Порошенко е предавник на украинскиот народ. Што и да се случи, народе, ве повикувам да излезете на улица и да ја продолжите вашата борба. Ова е обид да ме киднапираат. Спречете го беззаконието на Порошенко и на неговата банда, извикуваше Саакашвили.
Полицијата го симна од покривот и го уапси, но набргу потоа полициското комбе беше пресретнато од демонстрати и Саакашвили беше ослободен.
Инцидентот се случува откако дојде до судир меѓу украинското јавно обвинителство и специјалното обвинителство НАБУ, при што обвинителството нареди апсење на агент на НАБУ.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар