Македонија
13. September 2019 - 11:51

Апсење во скопското село Волково

Полицијата приведе едно лице од скопското село Волково. Според информациите на МВР, во втроникот  полициски службеници на СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, го привеле А.Г.(38) од с.Волково, скопско, затоа што при претрес во неговиот дом во с.Волково, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. А.Г. бил приведен во Полициската станица Ѓорче Петров и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.