Македонија
27. February 2021 - 16:40

Апсење во повеќе угостителски објекти - Приведени Пандов, Миленко Неделковски, поранешниот судија Панчевски

Полицијата речиси секоја вечер со полни раце работа, се растураат организирани и прватни забави на кои воопшто не се почитуваат мерките за заштита и ограниченото работно време на угостителите. 

Само изминатата ноќ се приведени 18 лица во кафеана во скопско Стајковци поради непочитување на мерките за заштита и работното време.

Во еден часот по полноќ пак полицијата во Струмица растури приватна домашна  забава на која присуствувале 12 лица. Слична акција е спроведена и во Тетово. 

Помеѓу приведените во скопско Стајковци биле и претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов, новинарот Миленко Неделковски и поранешниот судија Владимир Панчевски. 

Во изјава за Сител, Пандов вели дека по влегувањето на полицијата во угостителскиот објект, забележале дека е 21:30 часот. 

Против сите приведени МВР најавува и поднесување на соодветни пријави за непочитување на пропишаните мерки за заштита од ширењето на корона вирусот.