Македонија
4. October 2018 - 15:01

Апсење во Гостивар

Апсење на улиците во Гостивар, 34-годишен маж осомничен за тешка кражба. Како што стои во билтенот на МВР, на  04.10.2018 година околу 1:00 часот на улицата „Илинденска“ во Гостивар полициски службеници го лишиле од слобода Н.И.(34) од село Дебреше, гостиварско. 

Тој, околу 23:00 часот на 03.10.2018 се обидел да изврши тешка кражба во трговски објект на булеварот „Гоце Делчев“ во Гостивар, но бил забележан од сопственикот и избегал.

По преземени мерки Н.И. бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.