Македонија
25. јуни 2017 - 13:46

Aпсење на Табановце

 
Вчера во 09 часот и 30 минути на Граничен премин „Табановце“, од страна на полициски службеници приведен е 55-годишниот Б.Б. од Република Албанија, кој управувал патничко возило „DAIMLER CHRYSLER“, со албанска регистарска ознака, сопственост на E.P.A. од Република Албанија.
 
Истиот е приведен поради постоење основи на сомнение дека возилото е фалсификувано.
 
Во 10.40 часот лицето и возилото се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.