Македонија
14. January 2020 - 10:59

Апсење на скопскиот аеродром

Вчера во 18.10 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“ била лишена од слобода Ј.Д.(47) од с.Велестово, охридско, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси”, по наредба од Основен суд Гостивар. Таа била предадена на полициски службеници од Полициска станица Карпош за понатамошна постапка.