Македонија
28. January 2020 - 13:32

Апсење на скопскиот аеродром

Рано утринава во 01.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“,  на излез од Р.С.Македонија, при пасошка контрола, Ј.К.(19) од Р.Словенија приложил словенечка патна исправа. Притоа, било констатирано дека тој нема остварено влез во нашата држава со словенечката патна исправа. По извршениот разговор, Ј.К. изјавил дека влез остварил на 27.01.2020, на Граничниот премин Блаце, со албанска лична карта на име Ф.Т.(19) и го потврдил овој идентитет. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.