Македонија
9. March 2019 - 10:03

Апсење на преминот „Табановце“

Апсење на граничниот премин Табановце. Како што стои во билтенот на МВР, вчера  во 21,50 часот на Граничниот премин Табановце при извршена проверка било констатирано дека Џ.М.(24) од Скопје евидира на СТОП-Листа за издржување казна затвор за сторено кривично дело по чл.236 став 1, в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и истиот да се спроведе до КПУ-Затвор-Идризово. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.