Македонија
12. јуни 2018 - 10:43

Апсење на преминот „Табановце“

Апсење на граничниот премин „Табановце“. Според информациите на МВР, вчера во 13,55 часот на граничниот премин “Табановце“, за влез во Р.Македонија допатувало патничко моторно возило „Нисан“ со англиска национална ознака, управувано од Б.Д.(27) од Р.Албанија. По  извршената  пасошка  контрола, поради сомнение дека се фалсификувани приложената англиска сообраќајна дозвола и возилото, лицето е приведено и предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка.