Македонија
27. December 2017 - 11:49

Апсење на граничниот премин Табановце

На граничниот премин Табановце вчера во 13:10 часот при пасошка контрола, било констатирано дека лицето В.Ш. (64) од с.Вевчани се наоѓа на СТОП- листа за издржување казна затвор во траење од три месеци за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, по член 292 од Кривичниот Законик на Република Македонија.Лицето било лишено од слобода и со потврда било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.